10 спортисти кои ги заведоа сестрите Кардашијан-Џенер

1185

Познатите старлети се вистински магнет за богати и славни фраери, а покрај музичари, ѕвездите на реалното шоу не се имуни на кошаркари, како ни фудбалери.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-1.png

Со некои од нив беа во долга врска, или, пак, брак, додека со другите имаа само кратка љубовна авантура. Кој не остана рамнодушен на убавината на младите дами?

Десетте спортисти кои ги заведоа сестрите Кардашијан-Џенер се:

1. Блејк Грифин

НБА играчот се забавуваше со манекенката Кендал Џенер од 2017 година. Сепак, нивната романса немаше долг век, а патиштата им се раздвоија во април 2018 година.

Блејк Грифин и убавицата беа повторно забележани на Коачела, ама оддалечени еден од друг, како и тотално незаинтересирани за одново да го разгорат стариот пламен.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-3.jpg

2. Реџи Буш

Рагбистот бил голем фан на „Keeping Up with the Kardashians“, пред и лично да ја запознае протагонистката на реалното шоу со посредство на негов колега во 2007 година.

Реџи Буш и Ким Кардашијан раскинаа две години подоцна, по што накратко се смирија, за на крајот засекогаш да го прекинат односот меѓу нив.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-4.jpg

3. Рашад Мекантс

Кошаркарот влета во животот на Клое Кардашијан во 2008 година. Меѓутоа, односот на двојката заврши и пред воопшто да започне. Рашад Мекантс остана со старлетата само месец дена.

На неа не ѝ требаше долго време да го преболи, па набрзо романтично се поврза со друга ѕвезда од НБА. Таа врска ѝ траеше значително подолго. Погодувате ли за кого станува збор?

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-5.jpg

4. Бен Симонс

Тој е уште еден кошаркар на листата што заврши во прегратките на младата Кендал Џенер. Се запознале преку заеднички пријатели, а врската ја официјализираа во месец февруари.

Парот дури и го доби заедничкото име „Бендал“. Наспроти големите надежи дека ќе им се посреќи на двајцата, Бен Симонс и моделот се разделија во месец мај.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-6.jpg

5. Кристијано Роналдо

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, исто така не ѝ одолеа на занесната бринета Ким Кардашијан. По раскинувањето на врската со Реџи Буш, старлетата имала кратка авантура со Кристијано Роналдо во 2010 година.

Според порталот Тhe Richest, ѕвездите се забележани и како разменуваат нежности во јавност. Оттогаш е помината една деценија, така што повеќе детали за нивната афера тешко дека ќе испливаат на површина.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-7.jpg

6. Ламар Одом

Како што претходно навестивме, после месецот поминат со Рашад Мекантс, следната голема љубов на Клое Кардашијан беше кошаркарот Ламар Одом. И парот се вери по само месец дена забавување.

Свадбата, пак, се одржа пред камерите на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“, а тие си добија и нивна серија насловена „Khloe & Lamar“.

Откако му помогна на сопругот да се опорави, бидејќи заради зависноста речиси заврши на смртна постела, двајцата официјално се разведоа во 2016 година.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-8.jpg

7. Џордан Кларксон

НБА играчот во тајност се состануваше со Кендал Џенер во 2016 година. Гласините беа потврдени и со видео, каде двајцата се снимени заедно на новогодишната вечер.

Сепак, како што на старата година ѝ дојде крајот, истото се случи и со краткотрајната романса на манекенката со кошаркарот Џордан Кларксон.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-9.jpg

8. Џејмс Харден

На списокот со поранешни дечковци на Клое Кардашијан, запишано е името на уште ѕвезда од НБА. Џејмс Харден и старлетата беа пар во 2015 година.

Кошаркарот не беше воодушевен од вниманието што го добива како партнер на една од најпознатите жени на планетата, па врската им заврши по осум месеци поминати заедно.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-10.jpg

9. Крис Хамфрис

Денес пензионираниот кошаркар стекна поголема слава како љубовен интерес на Ким Кардашијан, одошто поради достигнувањата на теренот како играч во НБА. Крис Хамфрис е вториот сопруг на убавицата.

Започнаа да се гледаат во 2010 година и сето време романсата им беше медиумски пропратена во „Keeping Up with the Kardashians“.

Старлетата поднесе барање за развод само 72 дена по величествената свадба. А, истиот беше финализиран во јуни 2013 година.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-11.jpg

10. Тристан Томпсон

Последниот спортист на листата е најактуелниот партнер и татко на детето на Клое Кардашијан. Тристан Томпсон и ѕвездата на реалното шоу влегоа во врска на крајот од 2017 година.

За помалку од година станаа родители на ќеркичката Тру. Неколку дена пред породувањето, во јавноста одекна скандалот за извршената прељуба од страна на кошаркарот.

10-sportisti-koi-gi-zavedoa-sestrite-kardashijan-12.jpg