Сопругата на најдобриот тенисер на светот, Јелена Ѓоковиќ, ги разнежни своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, споделувајќи фотографија која што предизвикала лавина коментари и добила многубројни лајкови.
Имено, Јелена покажала како Новак и таа прославиле 2 години љубовна врска. Евидентно е дека на фотографијата тие двајца изгледаат многу помладо, па фотографијата е наречена „фотографија од таванот“.
Ноле, тогаш својата сакана ја изненадил со букет кој што содржел 1001 ружа.
„Фотографија од таванот! Гледам како изгледаме тука, како да сме основци, а покрај 1001-та ружа ја прославивме двегодишнината од љубовната врска и победата на Дејвис купот. П.С. Ништо без драгиот Јоце и неговите магични цветни решенија“, напишала Јелена.
Нејзините следбеници биле воодушевени од нивните „средношколски“ изданија, па оставиле многубројни љубовни емотикони и прекрасни нежни зборови.
„Ах, таа љубов“, бил еден од коментарите под фотографијата.
Не се сомневаме дека Ноле и денеска е романтичен, па нема да нè изненади доколку и денеска го повтори овој прекрасен гест.