Во ноември, 1961-та година, ова девојче било пронајдено во океан, препуштено само на себе. Повеќе од 50 години ја криела вистината – што се случило со неа и нејзиното семејство? Во 2010-та година ја открила својата застрашувачка приказна.
Нејзиното име е Тери Џо Депераулт. Нејзиниот татко Артус, во 1961-та година одлучил да оди на крстарење со својата сопруга Џен и трите деца, Брајан, Тери Џо и Рене.
Изнајмил голема едрилица „Блубел“ и го повел и својот пријател Харви со нив, да биде капетан на едрилицата. Исто така нив им се придружила и сопругата на Харви, Мари Дејн.
Петтата вечер од патувањето, Тери Џо се разбудила со врескање…
„Отидов на палубата да видам што се случува и ја затекнав мојата мајка и брат ми како лежат на подот. Насекаде имаше крв“ – раскажала Тери.
Харви ја удавил својата сопруга Мери, па со нож го убил останатиот дел од семејството. Бил во голема финансиска криза, а својата сопруга ја убил за да ги добие 20.000 илјади долари од нејзиното осигурување.
Во таа брканица, Харви не успеал да ја убие Тери Џо, па ја фрлил од едрилицата во океанот и потоа ја потопил едрилицата.
Следниот ден пристигнал на крајбрежјето со својата удавена сопруга и изјавил дека само тој преживеал…
Сепак, некое време подоцна, трговски брод ја здогледал малата Тери Џо. Тери (11) пловела 84 часа на отворена вода, без храна, вода или пак било што што може да ја заштити од жешкото сонце.

Таа итно била пренесена во болница затоа што имала температура повисока од 40 степени.
Следниот ден, Харви се самоубил.
„Не бев преплашена. Имав голема желба и волја да преживеам, а Бог ми помогна“ – изјавила подоцна Тери.
По неколку години, Тери отишла да живее со својата тетка и никогаш не сакала да зборува за тоа што се случило тој ден, но речиси половина век подоцна одлучила конечно да проговори.