Откако фанови му праќаа фотографии од пораснатата Сури, Том изјави: „Престанете со тоа, таа повеќе не е дел од мојот живот“. Виновникот најверојатно е скиентолошката црква.
Во едно неодамнешно интервју Кејти Холмс проговори колку силна личност е нејзината ќерка Сури, за тежината на миговите кога била во брак со Том Круз и Сури била најфотографираното дете на светот, како и за интензивноста на разводот.

Сури Круз денес има 14 години, а нејзините родители се разведоа во 2012 година, по 6 години брак.
Мрачни работи за Том Круз – Сури не треба да знае дека:
Том Круз имал аудиција за избор на сопруга, наводно во организација на скиентолошката црква.

Том навистина за малку ќе се оженеше за жена одбрана од скиентолошката црква на аудициите, но врската со избраничката Назанин Бониади, актерка родена во Иран, а израсната во Лондон, не успеала.

Откако фанови му праќаа фотографии од пораснатата Сури, Том изјави: „Престанете со тоа, таа повеќе не е дел од мојот живот“.


Кога Кејти беше бремена со Сури, Том дури си даде за право да го измени нејзиното име и во една пригода изјави: „Кејти е име за млада девојка, таа е Кејт сега“.

Том ја чекал Кејти 20 минути пред олтарот на огромната свадба во Италија во 2006 година, која била наречена дури и свадба на векот. Џенифер Лопез, како дел од гостите, во еден миг дури се запрашала дали Кејти воопшто ќе дојде. Причината за нејзиното доцнење остана непозната.


Том купил ултразвук машина за да може постојано да ја надгледува бременоста на Кејти со помош на медицински лица, иако купувањето можно е да било нелегално.

Том да не беше славна личност скиентолошката црква сосема ќе му забранеше да ја гледа Сури затоа што таа се смета како „потенцијална закана и проблем“ сѐ додека е поврзана со мајка ѝ. Но, актерот и вака не е многу заинтересиран за контакт со ќерка му.

Поврзаноста на Том со скиентолошката црква потекнува од неговиот прв брак. Тогашната сопруга Мими Роџерс, која била скиентолог, го охрабрила на ваков потег во 1986 година и сега тој е едно од најпрепознатливите лица на оваа организација.

Наводно црквата му помогнала да се справи со дислексијата со која се соочувал уште од кога бил дете и затоа формирал нераскинлива врска со неа.

Том сакал да ја испрати Сури на 6-годишна возраст во строг скиентолошки камп и тоа било работата што ја прелила чашата и Кејти Холмс одлучила да побара развод.

Том тешко дека некогаш ќе се одлучи да ја напушти скиентологијата, а токму таа е она што го оддалечува од неговата ќерка Сури. Тој воопшто не се труди да ја стави неа на прво место. Кејти е тажна што тој не сака да изгради здрава врска со нивната ќерка.



