12 бон-тон правила за во ресторан кои ги знаат само вистинските дами и џентлмени

3005

Шери доматите се јадат цели. Лебот не треба да го гризете. За шпагетите потребна ви е и виљушка и лажица. Не треба да го сечете целото месо наеднаш.

Сите ние кога одиме во ресторан се трудиме да се однесуваме културно.

Не ги ставаме лактите на маса, го држиме ножот со вистинската рака и не зборуваме со полна уста. Ова се бон-тон правила кои ги знаат сите, но постојат уште правила кои може да влијаат на нашата репутација.

За некои од овие бон-тон правила можеби и не сте слушнале досега:

Можете да јадете пилешко месо со раце

Кога е формален настан ни е потребен прибор, но во некои ресторани пилешкото го служат на начин што е сосема во ред да го фатите со раце и да го натопите во сосот.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-02.jpg

Не оставајте траги од кармин на платнената салфетка

Таа треба да биде поставена на вашите коленици во текот на оброкот и со неа може само нежно да ги забришете краевите од устата за време на оброкот, но да оставите траги од кармин на неа е навистина некултурно. Во ваков случај побарајте хартиени салфети од келнерот.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-03.jpg

Не оставајте траги од кармин на чашите

Ако сте загрижени дека ќе оставите траги од кармин на чашата, пред да се напиете исушете ги усните со допир на хартиена салфета.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-04.jpg

За долгите тестенини потребна ви е и виљушка и лажица

Шпагетите треба да ги јадете со виљушка во десната рака и лажица во левата. Шпагетите земете ги со виљушката, допрете до лажицата и вртете за тие да се завијат, а потоа со виљушката донесете ги до устата.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-05.jpg

Месото не се сече секогаш со нож

Одредени видови месо, како котлети на пример, е посоодветно да ги делкате на парчиња со виљушката.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-07.jpg

Менито треба да е во допир со масата

Додека порачувате внимавајте како го држите менито. Тоа треба комплетно да е на масата или да ја допира површината барем со еден раб.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-08.jpg

Семките и отпадоците не треба да ги вадите од уста со рака

Можете да ги вадите со рака, само кога парчето храна сте го ставиле во уста така, но ако јадете со виљушка, тогаш отпадоците треба да ги плукнете на виљушката.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-09.jpg

Не го сечете целото месо наеднаш

Според правилата, треба да пресечете едно парче и да го ставите во уста. Сечењето на целото месо наеднаш е погрешно затоа што тоа брзо ќе ви се олади и ќе го изгуби вкусот.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-10.jpg

Лебот не треба да го гризете

Од лебот треба да кршите мали парчиња кои ќе ги ставате директно во уста.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-11.jpg

Канапеите не се јадат секогаш со рака

Ако канапеите се сервирани како предјадење или на коктел забава, тогаш се јадат со рака, но ако се сервирани со ручек или вечера, тогаш се јадат со прибор.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-12.jpg

Шери доматите се јадат цели

Ако се сервирани со салата или оброк, тие се јадат со прибор, но во други случаи се јадат цели со раце. Ако се преголеми гризнете ги на два пати, но внимавајте да не се испрскате со сосот од нив.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-13.jpg

Сокот од лимот мора да се стиска правилно

Кога јадете морска храна и ставате лимон на неа, тоа мора да го правите внимателно за да не ги испрскате луѓето околу вас. Цедете ниско над чинијата и со дланката покријте доколку е неопходно.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-14.jpg