Руските лекари се борат за животите на анорексичните близначки Маша и Даша Лебедеви, откако двете, по барање на модна агенција, ослабеле на 36 и 40 килограми и завршиле во тридневна кома.
Девојчињата биле итно префрлени на интензивна нега во болница во Москва кога станале “живи костури” на кои никој во родниот Липецк не сакал да им помогне. Тие лежеле дома и практично чекале да умрат, а дури и докторите одбивале да интевенираат додека паника во јавноста не кренала активистката за помош на лица со пореметување во исхраната, Марија Кохно.
“Никој не сакаше да им помогне на девојчињата. Мајка им одеше од врата до врата, но болниците упорно ги одбиваа. И се обрати и на водителката Елена Малишева, како и на Прехранбената индустрија во Москва, но никој не сакаше да се занимава со “живи лешеви””, рекла активистката која на крајот единствена ги слушнала очајничките молби на мајката.
Кохно, инаку и самата поранешна манекенка, открила дека од агенцијата барале на девојчињата да им се гледаат јагодичните коски, за да добијат повеќе можности за фотографирање. Поради тоа прво ослабеле околу 5 килограми, јаделе посебена храна и никогаш по 17 часот.
Мајката земала слободни денови и практично трчала по нив со храна низ домот, но залудно. Сега е до лекарите да ги извлечат од работ на смртта, кога срцето може да им застане во секој момент.
“Маша може да стане, но Даша само лежи и нема сила ни глава да крене”, ја опишала Кохно состојбата на децата.