14 знаци кои ви укажуваат дека црниот дроб работи успорено

1096

Црниот дроб е еден од клучните органи на системот за варење, а од нашиот организам непрестајно ги елиминира токсините.

Исто така, тој ја филтрира крвта од цревата и ги обработува и ги подготвува хранливите материи кои се претвораат во енергија.

Процесот на детоксикација кој го изведува црниот дроб има два чекори – првиот е да произведува одредени ензими кои токсините ги прават помалку лоши за организмот, додека другиот чекор му е да ги спојува тие токсини со молекулите, поради што го олеснува нивното исфрлување од телото.

Со други зборови, црниот дроб е многу зафатен орган и е од клучно значење за варењето, а поради зголемениот внес на токсини во телото, во исхраната или од околината, може успорено да работи.

Постојат неколку симптоми кои настануваат поради успорена работа на црниот дроб:

1. Често се заморувате дури и од минимален физички напор.

2. Ви се појавуваат главоболки кои се манифестираат во позадината на окото.

3. Болки во зглобовите и мускулите.

4. Доаѓа до засилено потење, бидејќи телото исфрла токсини кои црниот дроб не може да ги обработи.

5. Настануваат проблеми со кожата во облик на акни и егземи, бидејќи доаѓа до акумулација на токсични соединенија кои црниот дроб не ги обработува и ги исфрла.

6. Често се борите со алергии, бидејќи се соочувате со токсини кои дури и премногу ги имате во вашиот организам.

7. Се борите со запек или дијареа, а тоа е проследено со болки во абдоменот, а доаѓа и до надуеност.

8. Се дебелеете иако не јадете многу.

9. Проблеми со обработка на маснотии, особено после консумација на некои масни намирници и имате проблеми со дигестивниот тракт.

10. Не можете да се ослободите од лошиот здив!

11. Доаѓа до хормонско пореметување, бидејќи црниот дроб не може да ги елиминира вишокот хормони.

12. Имате проблем со концентрација, а менталните задачи ви задаваат голем напор.

13. Се чувствувате депресивно иако не сте биле изложени на траума или случување кое би можело да влијае на тоа.

14. Се чувствувате вознемирено, бидејќи имате чувство дека нешто лошо ќе се случи.

Наведените симптоми можат да бидат симптоми и за други болести, а за да ги елиминирате проблемите со црниот дроб, важно е да посетите лекар, и секако секојдневно квалитетно да се храните.

Детоксицирајте го црниот дроб!

Исхраната богата со овошје и зелечнук, маслиново масло, риба и растителни и месни протеини, ќе му помогнат на црниот дроб за негова регенерација и подобра работа, а на тој начин и помалку токсини ќе внесувате во вашето тело. Освен тоа, обидете се што е можно повеќе да избегнувате претерана консумација на алкохол и кофеин.