15 нешта кои треба да ги направите сега, а кои ќе ви го подобрат животот по 5 години

490

Дел  од овие нешта можат навистина да ви донесат многу придобивки за вашиот ум и здравје за неколку години. Можете ли да почекате?

Смејте се неколку минути, секое утро.

Запишувајте 20 идеи за нештата во вашиот живот, секој ден. Продолжете да пишувате и можеби ќе откриете злато. А, штом откриете злато, преземете акција.

Читајте книга неколку пати неделно.

Играјте покер. Важно е да го учите вашиот ум да биде остар. Играјте на интернет или со вашите пријатели. Тоа ќе ве натера да размислувате и да ве одржи фокусирани.

Запишувајте и водете дневник. Кога се чувствувате добро, а особено кога мислите дека вашиот живот не оди најдобро.  Тоа ќе ви помогне да го следите својот живот.

Избирајте ги вашите пријатели внимателно.

Гледајте повеќе документарни филмови.

Чувајте го кусурот во касичка, цели 5 години.

Научете и усовршете странски јазик.

Фокусирајте на вашето здравје како што се фокусирате на вашата врска, или вашата работа.

Ослободете се од стравот.

Усвоете ново хоби.

Земете ден од неделата кога целосно ќе се исклучите од технологијата.

Напишете си писмо кое ќе го отворите за 5 години.

Заљубете се. Целосно и потполно.