15 работи што ja прават Картагена најмагичното место во Колумбија

1493

Картагена е живописно пристанишно гратче лоцирано на карипското крајбрежје и е една од најдобрите туристички дестинации во Колумбија.

Во споредба со Богота и Меделин, Картагена е помал град, но неговата убавина произлегува од шареноликоста на центарот на градот и пријатната топла тропска клима.

Без разлика дали одите во Картагена за да се одморите на плажа, да се прошетате низ историскиот колонијален центар на градот или за да се забавувате навечер, градот има по нешто за секој од туристите.

Еве што мора да посетите ако решите да одите во Картагена:

1. Прошетка низ стариот дел

Прошетката низ стариот град е најдобар начин да се запознае културата и историјата на Картагена. Дополнително, од ова утврдување ќе можете да го видите целиот град од повисоко.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (1).jpg

2. Бања со кал на вулканот Тотумо

Тотумо е вулкан во којшто на врвот наместо лава има топла кал. Искуството на бањање во кал е слично како на она во Мртвото Море, бидејќи не можете да потонете.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (2).jpg

3. Прошетка со брод до Isla Barú

Исла Бару е прекрасен тропски остров со преубави плажи каде што можете да побегнете од турканицата и бучавата на Картагена.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (3).jpg

4. Посета на саат кулата Torre Del Reloj

Оваа кула е границата којашто го дели стариот град од новиот дел и е одличен влез којшто ќе ве упати во историскиот дел на Картагена.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (4).jpg

5. Прошетка низ плоштадот Plaza De La Aduana

Ова е најубавиот градски плоштад, а главната атракција е споменикот на Кристофер Колумбо.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (5).jpg

6. Посета на катедралата Santa Catalina De Alexandria

Катедралата на Картагена е прекрасна црква во шпански стил, којашто се наоѓа во стариот град.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (6).jpg

7. Истражете ја областа Getsemani

Гетсемани е популарно маало каде што можете одлично да го доживеете јужноамериканскиот дух.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (7).jpg

8. Искусете ја уличната уметност

Најпопуларен вид на улична уметност во Колумбија се муралите на ѕидовите на зградите. Овие мурали најчесто ја претставуваат преродбата на културата на Колумбија.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (8).jpg

9. Посетете го замокот Castillo San Felipe De Barajas

Замокот е изграден набрзо откако е формиран градот и е стар скоро 500 години, сега е под заштита на УНЕСКО, а служел како заштита од напади од морето и од копното.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (9).jpg

10. Уживајте во вкусната храна и пијалаци

Една од најдобрите работи во Картагена е одличната храна која може да ја најдете во Гетсемани и стариот град.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (10).jpg

11. Посетете ја црквата Iglesia De San Pedro Claver

Црквата Сан Педро Клавер е од 16 век и се наоѓа во центарот на стариот град.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (11).jpg

12. Пробајте колумбиско кафе

Колумбија е позната по своето кафе, а во моментов има два тренда кај љубителите на кофеинот: стари компании коишто имаат индустриско производство и го продаваат кафето во маркетите и нови хипстерски движења кои нудат избор на поароматични кафиња во мали кафеа.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (12).jpg

13. Посетете ја црквата Iglesia De Santo Domingo

Ова е една од најпопуларните цркви за свадби и други религиозни церемонии.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (13).jpg

14. Прошетајте го музејот на златото Museo Del Oro Zenu

Музејот не е голем и може да го прошетате за половина час, но вреди да се видат прекрасните златни реликвии.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (14).jpg

15. Истражете ја населбата Manga

Стариот град и Гетсемани се најпопуларните делови за посета на Картагена, но Манга исто така има свој шарм. Се наоѓа на само 10 минути пеш од стариот град и е преполна со стари палати и градби.

15-raboti-sto-ja-pravat-Kartagena-najmagicnoto-mesto-vo-Kolumbija (15).jpg