Во текот на вчерашниот ден беше извлечено безживотно тело на 16-годишно дете од реката Пена во близина на Бањиче, а „Алсат“ објави дека полицијата истражува дали момчето било убиено.
Според информации на „Алсат“, полицијата досега уапсила 17-годишна девојка, а се трага по уште едно лице.
Девојката во следните денови треба да биде под психијатарски надзор за да се утврди нејзината здравствена состојба, а повеќе детали за случајот се очекуваат од МВР во следниот период.