2 стајлинзи на Џорџина поради кои Венеција воздивнуваше

659

Откако била присутна на Канскиот филмски фестивал, Џорџина Родригез не го пропуштила ниту овој настан.

78-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција е отворен, а на премиерата присуствувала светската елита. Еден од најпопуларните фудбалери на светот Кристијан Роналдо не е некој кој присуствува на ваков настан, но неговата партнерка Џорџина дефинитивно е.

Нејзиниот вереник Кристијано Роналдо потпиша за Манчестер Јунајтед, договор вреден 20 милиони фунти, а Џорџина прикажа нова модна магија во Венеција на 78-от Меѓународен филмски фестивал.

Како и минатата година, манекенката пристигнала на овогодишниот настан во спој на „Louis Vuitton“ и „Hermès“ и веднаш најавила моден спектакл кој можевме да го очекуваме.

Откако пристигнала во Венеција, нејзиното прво појавување било во нежно-сина нијанса и софистицирано. Станува збор за стајлинг со потпис на „Ermanno Scervino“, а се состои од чипкаст миди фустан кој го надополнила со син блејзер и бели салонки.

На црвениот тепих ситуацијата била поразлична. Родригез која сака шарени комбинации, облекла црн комбинезон и црно сако кое исто така го потпишува „Ermanno Scervino“, ја покажала и новата боб фризура, а сето тоа го надополнила со сребрен накит.