Неготинските пожарникари интервенираат на терен по обилниот дожд.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Илиев, за „МИА“ изјавил дека со пумпи ја црпат надојдената вода во строгиот центар на градот.

Краткотрајниот дожд проследен со грмотевици предизвикал поплава во центарот на Неготино. Неготинска река се излеала од коритото, по што голем број на автомобили останалее заглавени во водата.
И покрај тоа што невремето траело 20-на минути, во центарот на градот настанал сообраќаен хаос.

Моментално дождот се смирува, а екипи на комуналното претпријатие ги пренасочуваат автомобилите назад.