Сега имате една замисла за тоа што значи среќен живот, но со годините ќе сфатите дека некои работи не се така како што мислите.
Која е тајната на среќата? Дали се парите или добриот сексуален живот?
Moжно е да дознаете подоцна во животот, а сега да правите грешки во „трката по среќа“.
Едно истражување направено на 2.000 лица на 50 години можеби ќе ви го даде одговорот. Што мислат тие – која е тајната на среќата?
30 тајни за среќен живот, според постарите:
– Партнер со кој се сакате
– Одржување блиска врска со семејството
– Смеење секој ден
– Редовно вежбање
– Излегување и уживање во природа
– Спиење по 8 часа навечер
– Чување миленик
– Доволно пари за да правите што сакате
– Работа што ја сакате
– Играње со вашите деца/внуци
– Некое хоби
– Барем еден навистина близок пријател
– Живеење на село
– Мали добри дела секој ден
– Читање книги
– Добар сексуален живот
– Појадок секое утро
– Одење на повеќе кратки одмори
– Слушање музика секој ден
– Грижа за изгледот
– Работење со добри колеги
– Доволно сонце
– Чоколада и торти во умерена доза
– Избегнување на алкохол
– Решавање крстозборки
– Гледање на омиленото ТВ шоу
– Готвење
– Релаксирање со јога и медитација
– Работа на терен, а не во канцеларија
– Мала доза трач