Општо е познато дека пушењето е лоша навика по здравјето за секој поединец. Во продолжение прочитајте ги чекорите кои што можеби ќе ви помогнат засекогаш да го оставите зад себе овој порок.
1. Одредете датум кога ќе престанете да пушите
Строго држете се до тој датум. Водете сметка за тоа датумот да не биде многу далеку од сегашноста за да не изгубите мотивација во периодот помеѓу.
2. Бидете што повеќе зафатени
Така ќе имате многу помалку време да мислите на цигарите. Отстранете ги сите цигари и запалки од вашето опкружување.
3. Пијте што повеќе течности
Водата, благите чаеви, цедени сокови… Млаката вода ја намалува желбата за цигари. Бидете физички активни. Шетајте наместо да се возите со автомобил или автобус. Пешачете наместо да се возите со лифт.
4. Внимавајте на вашата исхрана
Избегнувајте мрсна храна и грицки. Изберете варено пилешко месо или пак риба наместо похувано или пак пржено месо. Доколку не можете без грицки, тогаш за вас идеални се јаболката, морковите или пак зелката. Пронајдете го вкусот кој што најмногу ви годи!
5. Променете ја секојдневната рутина
Обидете се да го смените маркетот во кој што досега сте купувале цигари. Во првите неколку денови избегнувајте места на кои што се собираат пушачи. Пронајдете некое ново хоби или пак вратете се на некое старо, заборавено. Изненадете се самите себе!

Совет плус:
Изненадете се себеси. Мислете позитивно. Некојпат одвикнувањето од некоја навика може да биде проследено со непријатни тегоби, но тоа е знак дека вашиот организам закрепнува од штетното влијание на цигарите по вашето здравје.
Доколку сте нервозни во текот на тој процес, имате лоша концентрација и желба да запалите цигара – не грижете се, по неколку седмици таквите тегоби ќе исчезнат. Немојте некоја добра или пак лоша ситуација да биде изговор „да запалите една цигара“.