5-годишно дете од Чеченија кое прави 4.000 склекови влегло во Гинисовата книга: Детето за кое зборува целиот свет ги руши сите рекорди!

826

5-годишникот од Чеченија, Рахим Куријев, станал светска ѕвезда бидејќи направил 4.105 склекови за два часа и 26 минути. Тој сега и официјално влегол во Гинисовата книга на рекорди, како човек кој може да направи најмногу склекови.

Детето, кое го нарекуваат и чеченски Шварценегер, минатата недела пред комисијата на руската Гинисовата книга се обидел да го официјализира својот претходен, непризнат рекорд од 4.105 склекови, кои ги направил за 2 часа и 25 минути.

Пред комисијата направил малку помалку, но сепак успеал да го урне рекордот.

Тој направил вкупно 3.202 склекови за два часа и 30 минути, и притоа соборил вкупно шест светски рекорди.

Маратонскиот потфат го набљудувал и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој на детето веднаш по постигнувањето на рекордот срдечно му честитал.

Рекордите на Рахим Куријев

– 1.000 склекови за најкратко време – 40 минути и 57 секунди

– 2.000 склекови за најкратко време – 1 час, 30 минути и 47 секунди.

– најголем број на склекови во еден час – 1.419

– најголем број на склекови за два часа – 2.559

– 3.000 склекови за најкратко време – 2 часа, 22 минути и 9 секунди

– 3.202 склекови за најкратко време – 2 часа и 30 минути

“Ни секунда не се посомневав дека ќе успееш да го повториш тој одличен потфат во присуство на комисијата на руската Гинисова книга”, рекол Кадиров.

Тој додал дека Рахим за Чеченија и цела Русија одамна станал рекордер.

Кадиров претходно го наградил малиот Рахим и неговиот татко. Им врачил клучеви од нов мерцедес за таткото да може да го носи синот на тренинзи без да плаќа такси.