50.000 ПРИВРЗАНИЦИ НА ЃУКАНОВИЌ СЕ СОБРАА ВО ПОДГОРИЦА ЗА ДА ЈА ОДБРАНАТ ЗЕМЈАТА

634

Педесет илјади луѓе вечерва се собраа на централниот плоштад во Подгорица за да му изразат поддршка на досегашниот премиер Мило Ѓукановиќ, чија партија победи на неодамнешните парламентарни избори, но нема да може да состави влада. Говорниците на собирот, кој помина без инциденти, кажаа дека дошле да ја одбранат земјата.

Присутните порачаа дека Ѓукановиќ ја направил Црна Гора каква што е денес и извикуваа пароли „Ова не е Србија“ и „Не ја даваме Црна Гора“. Тие кажаа дека нема да се предадат.

Сајтот „Н1“ објави дека не е познато кој го организирал собирот, а претходно, на социјалните мрежи се истакнуваше дека го прават „црногорски патриотски организации“.