50 прашања со Џес Бејли: Амбасадорот на САД искрено одговори што ќе му недостига од Македонија

794

По 4-годишната служба, американскиот амбасадор на САД, Џес Бејли, ги пакува своите куфери. По тој повод, американската амбасада во Македонија сними видео во кое Џес одговара на 50 прашања поврзани со нашата земја, како и неговиот престој и работата тука.

Бејли признава дека нема да му недостига загадениот воздух, но ќе му недостигаат луѓето, турлитавата во зима и питата со праски на лето, а како најсмешна случка која му се случила во Македонија ја издвоил онаа кога му пукнала гума во Кичево. Најомилена маичка му е од скопскиот маратон во 2016 година, додека неговата сопруга од купот маички ја избра таа од Скопскиот џез фестивал. 

Од целото интервју, Бејли избегнал да одговори само на едно прашање – кој му е омилен премиер, Заев или Груевски?

Погледнете го видеото кое меѓу другото изобилува со смешни моменти: