6 илјади мароканци допливаа до шпанската енклава на северот на Африка: Погледнете ги неверојатните фотографии

1107

Околу 6 илјади Мароканци илегално упаднаа на територијата на шпанската енклава Сеута на северот на Африка во моментите додека растат дипломатските тензии помеѓу двете земји.

Станува збор за рекорден број на мигранти кои во еден ден успеале да упаднат во градот кој е опкружен со жичена ограда и силно обезбедување. Мароканците пристигнале со пливање, а меѓу нив имало 1500 малолетници.

„Оваа бројка е без преседан“, соопштија од шпанската гранична полиција.

Од шпанското министерство за внатрешни работи соопштија дека ќе биде засилена присутноста на безбедносните сили на тоа подрачје. Од министерството исто така соопштија дека со Мароко бил постгигнат договор да бидат депортирани сите лица кои на таков начин ќе упаднат во Шпанија.

Министгерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марфласка потврди дека само денеска Шпанија во Мароко вратила околу 1,500 мигранти.

Аналитичарите сметаат дека ваквиот масовен упад на шпанска територија би можел да биде последица на нарушените односи помеѓу двете земји – мароканските власти не се задоволни од односот на Шпанија кон Брахим Гали кој е членик на група која со децении се бори за независност на Западна Сахара.

Гали неодамна бил хоспитализиран во Шпанија, иако за тоа нема официјални податоци. Неодамна мароканското министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое остро ја осуди наводната шпанска одлука да го прими Гали под лажен идентитет.