6 модни грешки кои мора да ги избегнете

1548

Во моментот кога ќе го препознаете вашиот стил, односно кога ќе сфатите во која насока сакате да се движите, кога е модата во прашање, сѐ е полесно.

Тогаш немате потреба да експериментирате и да се чувствувате непријатно во нешто што сте го купиле, само затоа што во одреден период било во тренд. Меѓутоа, постојат одредени стилски грешки, кои, без оглед на вашиот стил, мора да ги избегнете, бидејќи никако не одат во ваша корист.

1. Видлива долна облека

Овде не се мисли на романтични чипкасти гаќички или градник кој суптилно се проѕира низ кошулата, туку за отцртување на рабовите на гаќите или видливо копче од градникот, кој ја грди целата визуелна слика на вашиот грб, во секоја блуза.

2. Квантитет пред квалитет

Со текот на времето ќе сфатите дека не е исплатливо да купувате облека, замо затоа што цената е намалена. Инвестирајте во безвременски парчиња, кои никогаш не излегуваат од мода и негувајте го својот стил, на најдобар можен начин.

3. Премногу логоа одеднаш

Сигурно не сакате да изгледате како подвижна реклама. Бирајте дневни комбинации со суптилни ознаки на некој бренд, или, ако сакате помалку видливи ознаки, одлучете се само за едно такво парче, а остатокот од облеката нека ви биде неутрален.

4. Прилагодена облека

Во неа ќе се види сетоа она што сакате да остне невидливо, и згора на сѐ, ќе ви биде неудобно. Купувајте облека соодветна на вашиот конфекциски број и прифатете го сопственото тело.

5. Хеланки наместо панталони

Кога ги комбинирате, на пример со долг и широк џемпер, ќе изгледате модерно и шик. Меѓутоа, ако со хеланките искомбинирате кратка и тесна маица, ќе изгледате вулгарно и несоодветно.

6. Сјајни хулахопки

Едноставно, на ниеден начин не им прилегаат на вашите нозе, и згора на сѐ во нив изгледате лошо и на фотографиите. Го одземаат целото внимание и делуваат како вишок во целиот аутфит.