Регионот си игра мајтап, со елката во Скопје

937

Новогодишната елка на скопскиот плоштад предизвика бура од реакции во јавноста. Претежно тоа се негативни коментари и потсевања, дека таа е мала и неукрасена.

По реакциите, градските власти беа принудени доцна синоќа да ја доукрасат „несреќната“ елка – ѝ ставија врв и плус лампиони.

Овогодишната скромна елка привлече внимание и во регионот, а туристи се фотографираа со неа.

„Кога си тажен, сети се на несреќната новогодишна елка во центарот на Скопје, вака еден од најпопуларните српски портали Nova.rs ја опишува елката во Скопје. Пишува и дека сите сакаат да се фотографираат со „несреќната елка“ која иако недовршена е вистинска атракција на социјалните мрежи.

„Какви луѓе, таква елка: сиромашна, ужасна, грозна на изглед“, гласи еден од коментарите на друштвените мрежи.