Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе денеска и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на шпанскиот и европски првак Реал Мадрид.
Денеска Мбапе пристигна во Мадрид, каде што треба да ги помина неопходните лекарски прегледи во објектите на Реал.
Капитенот на Франција, по посетата на клупските простории и клиниката се појави пред навивачите на Реал и предизвика ерупција од воодушевување.