Тошковски: СДСМ се однесува како заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ во минатото

228

Секој македонски граѓанин знае кој душмански ја крадел Македонија, жалам што СДСМ се однесува како заштитник на сите криминали на ДУИ од минатото, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Секој македонски граѓанин знае кој душмански ја крадел Македонија, жалам што СДСМ се однесува како заштитник на сите криминали на ДУИ од минатото, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по обвинувањата од СДСМ дека поседува стан во истата зграда во која имот има и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев. Министерот рече дека очекувал да биде нападнат не од оваа, туку од друга опозициска партија, откако пред два МВР поднесе кривични пријави против внуците на Али Ахмети, Дрин и Бесијан Ахмети.

– Жал ми е што СДСМ излегува заштитник и покровител на сите криминали коишто ДУИ ги има сторено во минатото. Жалам што на таков низок и дрзок начин беа фрлани пердуви и беше манипулирана јавноста во текот на вчерашниот ден. Верувајте ми вистината ќе излезе на виделина. Очекувам уште пожестоки напади, лаги и манипулации во иднина, но тоа нема да нѐ поколеба да секој еден од недопирливите, коишто ги знае јавноста со име и презиме, со докази и факти почитувајќи ја пресумпцијата на невиност биде спроведен во рамки на соодветна процесна постапка пред законот, рече Тошковски.

Од СДСМ како несериозна ја оценија изјавата на Тошковски и побараа министерот да одговори која е неговата улога во целиот случај. Од партијата денеска објавија документ на кој, како што тврдат, се гледа дека поклонетиот имот на Јанушев е заверен од адвокат Панче Тошковски, а целиот случај со парцелата, според нив, влече корени уште од 2010 година со процес на денационализација и приватизација.

„Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје? Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев?, прашуваат од СДСМ.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека „ако тврдењето на СДСМ дека наводната шема за имот на Јанушев датирала уште од 2010 година кога тој беше Директор на ЈСП, вистинското прашање е што правела додека биле на власт цели 7 години“, велат од владејачката партија.

„Во тие 7 години беа политички апсени луѓе за криво ставен потпис, ако имало било што незаконски, сигурно Јанушев ќе одговарал десекратно за истото. Чаршав соопштенијата на СДС полни со лаги се јорган планина политика, за заштита на внучето на Ахмети.- стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

За имотот на владиниот ген-сек Игор Јанушев предмет отвори и Антикорупциска комисија по поднесена од Управата за финансиско разузнавање. Се бара проверка на имотот на Јанушев, кој наводно не е пријавен во анкетниот лист, а антикорупционерите ќе вршат проверка и на имотот кој го навел како подарок од родителите.