Се заразил со „амеба која го јаде мозокот“: Аква парк во Тексас е затворен по смртта на еден пливач

933

Еден аква парк во централен Тексас, овој викенд доброволно ставил клуч на вратата за посетителите, додека ги чека резултатите од тестовите за присуство на „амеба која го јаде мозокот“, откако еден пливач неодамна починал после посета на паркот.

Центарот за контрола и превенција на болести ги спровел тестовите, за да се утври дали во водата е присутна таа „амеба која го јаде мозокот“, односно „Naegleria fowleri“.

Сопственикот на аква паркот, Стјуат Е. Парсонс џуниор, истакнал дека ќе биде спроведена и детална истрага за смртта на Фабрицио Сатабил (29), кој починал во почетокот на септември и тоа откако се заразил со озогласената амеба.

Парсонс потврди дека Фабрицио пливал во базенот со бранови.

Центарот за контрола и превенција на болести, наведува дека „Naegleria fowleri“, често се наоѓа во топла слатка вода.