Бугарија и Романија се полноправни членки на шенгенот од 1 јануари 2025 година

209

И унгарското претседателство со Советот на ЕУ на својата сметка на социјалната мрежа Х објави дека министрите за внатрешни работи на ЕУ ја донеле оваа одлука оценувајќи дека тоа е голема победа за Бугарија, Романија и за цела Европа.

„Историски момент е конечно да се дочекаат Бугарија и Романија како полноправни членки на шенгенот. Укинувањето на личните проверки на внатрешните копнени граници со и меѓу тие земји членки беше главен приоритет на унгарското претседателство, а денес го направивме тоа реалност. Овој чекор ќе биде од корист не само за граѓаните на Бугарија и Романија туку и за ЕУ ​​во целина“, изјави унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер.