Земјотресот од Албанија почувствуван и во Македонија

247

Утрово во Албанија е регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер.

Епицентарот бил на околу 35 километри од Елбасан, во близина на границата со Македонија.

Тресењето било почувствувано и во југозападните делови на земјава, особено во охридско-струшкиот регион.

Засега нема информации за материјални штети или повредени.