Уапсен кумановец: Возел со 2,34 промили алкохол

89

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово  ноќта меѓу саботата и неделата го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово, на ул.„Ѓорче Петров“.

-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта, информира МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.