Врчак: Не можев музика да слушам, последната песна со Андреј ја снимивме неколку дена пред да загине

125

Раде Врчаковски – Врчак се огласи на социјалните мрежи првпат по трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 61 лице, меѓу кои и членови на бендот ДНК и пејачот Андреја Ѓорѓиески.

По долги години пауза, Врчак се врати на сцената. Дуото ДНК беа единствените кои успеаја музичарот повторно да го донесат пред публиката.

Тие соработуваа со години, а покрај професионалниот однос, имаа и искрено пријателство.

-Последната песна со Андреј… Јас до вечерва не можев да слушам музика, не можев ни на Фејсбук да гледам ништо… Уште не можам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот, цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов, пишува Врчак на Фејсбук.

Screenshot

Во ноември 2023 година, ДНК и Врчак објавија заедничка песна „Посреќна“.