ВИДЕО: Генерален директор на Сименс и неговото семејство се загинатите во хеликоптерската несреќа во Њујорк

114

Попладневното патување со хеликоптер на едно семејство по магливите брегови на Менхетен се претвори во трагедија кога леталото се урна во река крај брегот на Њу Џерси, при што загина целото семејство и пилотот.

Случајни минувачи кои биле сведоци, виделе дека хеликоптерот во пад се превртувал, а потоа паднал во реката Хадсон.

Според полициски извори, цело семејство од Шпанија кое било туристички во Њујорк се меѓу загианатите. Станува збор за Агустин Ескобар, генерален директор на Сименс, заедно со неговата сопруга и трите деца.