Изјавата на американската амбасадорка во НАТО, Кејли Хачинсон, дека САД би можеле да ги отстрани руските ракети може да се прочита како најава за превентивен напад, а тоа би можело да биде вовед во нуклеарна војна, укажува “Washington Post” и пренесува оцена од американски експерти дека таа навистина и се заканувала на Русија.
Дури кога нејзините коментари предизвикале жесток одговор од Русија, Хачинсон на Твитер објаснила дека “не зборувала за превентивен напад на Русија”.
Дипломатската штета, меѓутоа, е веќе направена, оценува вашингтонскиот дневник.
Се додека Хачинсон не го објавила своето разјаснување, девет часа по првата изјава, не било јасно дали таа мислела дека Американците би гаѓале руски ракетни центри доколку Москва не се откаже од развојот на новата класа ракети со нуклеарни боеви глави или само предупредила дека САД би можеле да ја засилат својата ракетна одбрана така што би можеле да ја соборат секоја ракета која Русите би одлучиле да ја лансираат на нивните цели.
САД моментално имаат ограничена способност за одбрана од заканите од крстаречки ракети, наведува “Washington Post”.
“Прашање е што би направиле ако тоа продолжи до степен ние да знаеме дека тие се во состојба да ги постават тие ракети”, прецизирала таа и додала: “Во тој случај би би барале начини да ги отстраниме ракетите кои би можеле да погодат некоја наша сојузничка држава”.
Договорот за уништување на ракетите со среден и краток дострел од 1987. година забранува производство и распоредување на нуклеарни и конвенционални ракети со дострел од 500 до 5.500 километри и се однесува на балистичките и крстаречки ракети кои се лансираат од земја.
Did Trump’s ambassador to NATO threaten Russia with preemptive strikes? https://t.co/nRqF3CjhOM
— Washington Post (@washingtonpost) October 2, 2018
Кејли Хачинсон е поранешна републиканска сенаторка од Тексас, која претседателот на Доналд Трамп пред нешто повеќе од една година ја поставил за амбасадор во НАТО.
“Таа навистина се заканува со превентивен напад. Само, таа не мислела да го каже тоа”, изјавил Џефри Луис, професор на Институтот за меѓународни студии во Монтереј и се пошегувал на сметка на Хачинсон: “Добродојдовте во НАТО! Имате само една работа: да не започнете нуклеарна војна со Русија”.
“Како експерт, навикнав политичарите, вклучувајќи ги оние кои се поставени за амбасадори, да уништат обични работи. Така, мојата претпоставка е дека таа прилично ја упропасти најобичната тема на разговор”, додал Луис. Сепак, изјавите на Хачинсон предизвикале загриженост, а експертите шпекулирале што имала на ум.
Некои укажувале на тоа дека преземањето на контрамерки според неинсталирани ракети кои во Русија уште се во фаза на развој, по дефиниција би претставувало превентивен напад.
Договорот забранува само производство, тестови и употреба на ракети од среден дострел, додека истражувањата и развојот не загрижуваат.
Стејт департментот уште во време на администрацијата на Барак Обама тврдел дека Русија го крши договорот, но не прецизирал кое руско оружје не е во склад со потпишан акт.

Од друга страна, Русија ги обвинува САД дека истиот договор го прекршиле со поставување на ракетната одбрана во Романија, и сличната на која се работи во Полска, бидејќи од таму може да се лансира крстаречка ракета “Томахавк”.
Несогласувањата околу тоа кој го крши договорот ја навеле американската војска да разгледа засилување на одбрана против руските крстаречки ракети во Европа. Можен чекор би бил поставување на подобри мрежи на сензори кои би ја следеле секоја руска крстаречка ракета од моментот кога ќе биде лансирана. Пентагон исто така трага по технологии кои би можеле да соборат ракети кои летаат кон одредени мети, и тоа би можеле да биде тоа на кое Хачинсон мислела, пишува “Washington Post”.