Крвните садови се најважен дел за здравјето на целиот организам, па така грижењето за нив е неопходно. Соодветната исхрана е клучна за нивно негување.
Меѓутоа модерниот начин на живот не ни остава многу време и простор за голема посветеност и внимавање, па овој напиток е вистинското решение за ваште крвни садови. Брзо и лесно се прави, а состојките веќе ги имате во кујната.
Мастите, глутенот, холестеролот и многу други штетни супстанци можат да створат згрутчување на крвта и да се залепат на крвните садови. Тоа можед да доведе до срцев и мозочен удар, а и многу други заболувања. Важно е да се превземат чекори за вашето тело да остане здраво.
Потребни состојки
¼ шолја сок од лимон
2 стебла од целер
1 лута пиперка или ½ лажичка бибер
1 лажичка изрендан ѓумбир
1 шолја сок од домати, по можност свежо исцедени.
Сите состојки изблендирајте ги додека не добиете хомогена смеса. Овој рецепт е само за едно лице. Доколку го пиете меѓу оброци може да ви помогне со варењето на храната и хидратациајта.
Ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство.
Ѓумбирот (ботаничко име: Zingiber officinale) е едногодишно коренесто растение кое води потекло од јужниот дел на азискиот континент и се одгледува повеќе од 3.000 години наназад. Најголемиот производител на овој егзотичен зачин со беложолтеникава боја е Индија.
Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ~ 18 грама, протеини ~ 2 грама и масти ~ 1 грам.
Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.