“Бјути Бар совети” – Оваа есен носиме кратки нокти во пастелни нијанси!

4731

Почитувани читатели и читателки, од денес и официјално стартува рубриката “Бјути бар совети” во чии рамки заеднички со тимот на салонот за убавина, “Бјути Бар”, ќе ве советуваме на тема нега и убавина.

Денес дискутираме за актуелните есенски трендови во светот на маникирот, односно за актуелните бои и форми на нокти кои ќе се носат оваа престојна сезона, но и за негата и грижата на дланките и рацете.

Имено, велат дека правата дама секогаш се познава по рацете. Затоа треба да обрнете внимание на изгледот на вашите дланки и нокти. Во никој случај, не смеете да си дозволите да шетате наоколу со уништен лак. И се разбира, добро е да ги следите трендовите, потенцираат од Бјути Бар и додаваат дека времето на долги и вештачки нокти е аут, односно сега се носат пократки и средени нокти во коцка форма, или пак овални со средна должина.

Во однос на боите, од Бјути велат: Францускиот маникир со класична бела линија и црвениот лак се се уште тренд и оваа есен, но забавата продолжува  со големиот избор на бои во пастелна и потемна нијанса! Оваа година можете да одберете лак во било која светла боја, а асполутен ин се пудрестите во крем и розова нијанса. Темните бои,пак, носат разиграност и забава оваа есен. Кафеавата, црната  и мастило бојата со соодветен дизајн се одличен избор за вас, категорично тврдат од “Бјути Бар”.

Совет плус за нега : Негата на рацете е исклучително важна за овој период во годината! Со самиот пад на температурите , кожата станува посува, а треба да ја заштитите со секојдневно ставање на хидрантна крема за раце, но и со редовно правење на пилинг, како и користење на парафински ракавици со кои ќе се заштити кожата од надворешни влијанија.

Важно: Апсолутно се што е горе споменето во текстот можете да го најдете во салонот за убавина “Бјути Бар”.

Советува: Маја Јовановска – Бјути Бар