Манијак силувал малолетничка, а таа успеала да повика помош: Неверојатна снимка од дрон, ја спасиле во последен момент

1324

Полицијата во Бостон ја пронашла во саботата, со помош на дрон, исчезнатата 16-годишна девојка, која ги побарала и им рекла дека е силувана.

Девојката преку телефон ѝ дала опис на полицијата од местото на кое се наоѓала со својот напаѓач.

Полицијата според опсиот сфатила за која локација станува збор и употребила дрон за да ја спаси девојката од мажот кој сексуално ја злоставувал.

Дронот во себе содржи камера која врз основа на температурата воочува кога на локацијата се наоѓаат луѓе, пренесува „BBC“.

Тој регистрирал двајца луѓе во движење и полицијата за само неколку минути ја спасила девојката од напаѓачот.

Мажот (30) веднаш бил уапсен, а девојката ја сместиле на сигурно место.