Погодете која е вашата астролошка мантра? Рак: Отвори се, Јарец: Играј…

1060

Денес, кога сè e забрзaно и кога секој е оптоварен со работата и многуте обврски, стресот е неизбежен феномен. Не само што таквиот притисок нè прави нервозни и ја попречува нашата продуктивност, туку влијае и на нашите односи со другите луѓе, а најмногу врз нашето здравје.
Ви пренесуваме неколку мантри кои благородно ќе влијаат врз вашето тело, создадени врз основа на вашиот Хороскопски знак.
Се работи за магичен збор кој ќе ви помогне да се опуштите, да се забавувате и да си помогнете при справувањето со секојдневните стресни ситуации.

Овен: „Не брзај“

Како најбрз и најтолерантен знак од зодијакот, овенот треба да не брза и да науичи дека трпението е доблест.

Бик: „Дај“

Биковите се одликуваат со одличен вкус и тенденција кон луксуз и желба секогаш да бидат молени. Сепак, важно е да знаат дека понекогаш треба да ги земат предвид потребите на другите луѓе и да вратат назад со иста мерка.

Близнаци: „Замолчи“

Мирот и тишината не се одлика на близнаците, а токму тие вештини треба да ги совладаат и прифатат.

Рак: „Отвори се“

Раковоte се премногу заштитно-ориентирани и околу себе градат штит за да се заштитат. Но, понекогаш мора да ја отворат вратата на нивниот универзум за да некои драги луѓе и пријатели можат да влезат во нивниот живот.

Лав: „Ти“

Да ги сакаш другите, прво мора да се сакаш себе си, а на лавовите ова особено им оди од рака. Но, обидете се понекогаш да размислите за лицето што седи спроти вас.

Девица: „Стабилност“

Девиците се перфекционисти, и многу им е тешко да се справат со хаосот во животот. Но, суштината на животот е токму во тоа. Затоа, прифати го светот каков што е и не очајувај.

Вага: „Одлучи“

Вагите сè гледаат дека е добро, но тие се подготвени да изберат само кога ќе донесат конечна одлука. Затоа, многу е важно да поработат на својата одлучност.

Шкорпија: „Олесни си“

Никој не е толку лош колку скорпиите, и најдоброто нешто е самите тие да научат да ја ослободат горчината и товарот што го носат на грб и да ги прифаќаат луѓето какви што се.

Стрелец: „Прилагоди се“

Стрелците се многу мудри и искрени, но мора да го усогласат својот ум со делата за да воспостават успешни односи со другите луѓе.

Јарец: „Играј“

Јарцитее се многу достојни и одговорни лица. Но, дури и најсериозните луѓе понекогаш треба да се релаксираат и да се забавуваат со цел да ја искусат магијата на животот.

Водолија: „Биди скромна“

Водолиите навистина се одлични луѓе, но малку скромност никогаш не е на одмет.

Риба: „Биди силна“

Рибите се многу чувствителни и постојано се грижат за другите. Сепак, тие не треба да заборават дека се мноогу силни и треба да почнат да размислуваат и за себе, за своите желби и потреби.