Како Метју Меконахи ја одржува својата форма без посета на теретана?

994

Метју Меконахи кој наскоро ќе наполни 49 години е дефинитивно во подобра форма од повеќето мажи на негова возраст.

Сепак, овој Оскаровец не поминува часови во теретана како што многумина мислат, туку својата форма ја одржува на друг начин. Меконахи кој е познат по улогите во филмовите “Dazed & Confused”, “A Time To Kill” и “Magic Mike” ја одржува својата форма, уживајќи во активностите на отворено.

“Постојат многу начини на кои можете да бидете активни надвор”, изјавил Метју во едно интервју, додавајќи дека тоа е далеку позабавно од теретаната.

Оваа ѕвезда ужива во трчањето на плажа и возењето велосипед. Во последно време, тој го поминува слободното време веслајќи на езерото Остин во Тексас, што е одлична вежба за целото тело, токму како и пливањето. Додека трча, Меконахи обично практикува да застане и да прави склекови и клекнувања, а потоа продолжува да трча.

Актерот вели дека неговата мајка била инспирација за рутината која отсекогаш зборувала дека “мора да бидеш надвор од домот ако надвор е ден”. Метју е основач на “JK Livin”, непрофитна организација која ги охрабрува децата на позитивни и здрави животни навики.

Фондацијата имплементира фитнес по училишните часови, како и велнес програма во 32 средни училишта, помагајќи им на децата да го подобрат своето физичко и ментално здравје низ вежби, тимска работа и исхрана.

Метју работел со тренерот Питер Парк со цел да ја развие својата фитнес рутина, а како што наведува Парк, актерот сака предизвици, но се чувствува здодевно во теретана. Една од неговите омилени вежби е подигнување на ѕвоно и држење на истото петнаесет минути.

“Тоа не е толку едноставно како што делува”, објаснува тренерот и додава дека оваа вежба го активира целото тело така што помага да откриете колку положби можете да поднесете пред да го спуштите тегот на земја.

Која и вежба да ја претпочитате, не е важно бидејќи поентата на рутината на славниот актер е да бидете надвор, на отворено. Мораме да признаеме дека се согласуваме со оваа филозофија бидејќи нема ништо поздраво од физичката активност на свеж воздух.