Јасновитката на принцезата Дајана предвиде тажна иднина за Хари и Меган

1087

Јасновитката и пријателка на починатaта принцеза Дајана ја претскажа тажната иднина на принцот Хари и Меган Маркл.

Симон Симонс смета дека омилената британска двојка, која се венча во мај, ќе добие две деца пред да се разведат ненадејно, но исто така и дека Хари нема да биде свесен што му се случило. Симон, која тврди дека сè уште комуницира со принцезата Дијана, вели дека бракот на младата двојка ќе трае две и пол до три години.

-Не сакам да го видам повреден, но Хари нема да знае за себе кога тоа ќе се случи. Заљубен е до уши, тој е олицетворение на Дијана и е исто толку емотивен како и таа, изјави Симон за „Дејли стар“.

Јасновитката која ја напиша книгата за Дајана „Последниот збор“, исто така, смета дека Меган веќе е бремена.

-Мислам дека е бремена. Нешто се гледа на нејзиното лице, вели Симон, која го обвинува семејството на Меган за идниот развод.