Спречи катастрофа од која светот сѐ уште ќе се опоравуваше: Почина херојот кој го уништи планот на Хитлер да развие атомска бомба!

2008

Норвежанецот Јоаким Рененберг кој ја предводеше операцијата за спречување на Нацистите да ги произведат неопхондите материјали за развој на атомска бомба, почина на свои 99 години.

Јоаким Рененберг во 1943-та година беше на чело на операцијата спроведена „зад непријателските линии“ во тогаш окупираната Норвешка, во текот на која нацистичките објекти за производство на таканаречената „тешка вода“ беа кренати во воздух.

Кога тогашниот британски Директорат за специјални операции го избра за лидер на смелиот пофтат, Рененберг имал само 23 години и бил најмладиот член на тимот кој што замина зад непријателските линии, практично во самоубиствена мисија, со оглед на тоа што претходната операција доживеала тотален неуспех, а првата екипа била заробена и убиена.

Од тмот на Рененберг потоа и самите својата мисија ја опишаа како речиси самоубиствена. Операцијата започнала со симнување на планинска рамнина покриена со снег, по што оперативците со скии тргнале кон својата дестинација. Тие пешки пристигнале до германските постројки каде што ги поставиле бомбите.

Рененберг тогаш донел одлука фитилите на бомбите да бидат скратени, со што го скратил и времето за предизвикување на експлозија, што значело дека тој и неговиот тим имаат многу пократко време за бегство.

Откако бомбите биле детонирани, Нацистите експресно започнале нивна потрага низ студената Норвешка.

Членовите на тимот на Рененберг бегале деноноќно и испешачиле и стотици километри низ тежок планински терен со цел да стигнат на безбедно. Рененберг успеал со своите скии да се спушти до соседна Шведска две седмици подоцна. Таму бил спасен со оглед на тоа што Шведска била неутрална во војната.