Си-ен-ен објави како изгледа писмото-бомба испратено до нивната редакција

893

Во САД владее еден вид на вонредна состојба. По сомнителните пратки адресирани до Хилари Клинтон и Барак Обама, една таква вчера пристигна и на адресата на седиштето на Си-ен-ен во Њујорк.

Редакцијата на медиумската куќа била итно евакуирана, а по неколку часа полицијата ја отстранила пратката во која имало експлозивна направа изработена во домашни услови. Американските служби потврдија дека за слични експлозивни направи станува збор и во случаите со Клинтон и Обама.

Си-ен-ен објави фотографија од пакетот што го примиле, во кој бил сместен и експлозивниот уред.

„Немојте да мислите дека само поради тоа што станува збор за рудиментирана направа истата не е опасна… Овој вид на експлозивни уреди, доколу експлодираат може да направат хаос“, предупреди пензионираниот ФБИ агент Џим Максвел за Си-ен-ен.

Покрај на адресите на Обама, Клинтон и Си-ен-ен, сомнителни пакети исто така биле испратени и на други адреси, главно поврзани со демократите. Еден официјален претставник за Си-ен-ен изјавил дека анализата на сите пронајдени уреди покажала дека се изработени на сличен начин, рудиментирано, но функционално, со помош на кабли и цевки. Барем една направа содржела стаклени парчиња и други смртоносни фрагменти.