Германија повторно врие после дрогирањето и силувањето на тинејџерката: Осомничена е банда на Сиријци

812

За денес се закажани демонстрации во јужниот германски град Фрајбург откако неодамна група на мажи од Сирија, најпрвин во ноќен клуб дрогираа 18-годишна тинејџерка, а потоа групно ја силуваа.

Анти-мигрантската десничарска партија „Алтернатива за Германија“ ги повика граѓаните на Фрајбург да излезат вечерва на улиците во знак на протест, додека пак нивните неистомисленици, верувале или не, ќе организираат протест против, како што велат „обидот тоа злосторство да се искористи за во општеството да се поттикнат анти-мигрантски чувства“.

Инаку, се верува дека група на мажи од Сирија, ја силувале 18-годишната тинејџерка во ноќта од 13-ти кон 14-ти октомври кога таа се враќала дома, откако била излезена во ноќен клуб во самиот центар на градот.

Под истрага се седум Сиријци на возраст од 19 до 29 години, како и 25-годишен германски државјанин. Сепак, неверојатно звучи тоа што од полицијата веруваат дека дури и повеќе лица учествувале во силувањето.

Девојката била во ноќен клуб пред да прифати понуден пијалок од еден од Сиријците. Тој подоцна ја намамил да излезат заедно од клубот, а од полицијата соопштија дека Сириецот во пијалокот ѝ ставил дрога или некаков вид на лекови.

Девојката раскажала дека потоа еден од мигрантите ја турнал во грмушките во еден од парковите во близина и ја силувал, а потоа ги повикал и своите пријатели да го сторат истото.

Фрајбург исто така се најде на насловните страници во Германија пред две години откако тамошна студентка беше брутално убиена, а за злосторството беше обвинет мигрант.