6-годишно девојче било толку злоставувано што не можело да престане да повраќа: Мајка објавила срцепарателна фотографија од измачената ќерка

1052

Кери Голеџ од Тивертон, Велика Британија објавила срцепарателна фотографија од својата 6-годишна ќерка, која била жртва на врсничко насилство.

Поради последиците од злоставување, малата Софи завршила во болница, а фотографијата објавена на Фејсбук го прикажува девојчето како лежи на болничкиот кревет. Кери во објавата напишала дека нејзината ќерка престанала да јаде, постојано плаче и не може да спие. Во текот на ноќта, таа повраќала над 20 пати поради стресот предизвикан од злоставувањето.

“Ова е мојата ќерка, кого нејзиниот “најдобар пријател” толку долго физички ја злоставувал што таа мислела дека тоа е нормално”, напишала мајката на својот Фејсбук профил.

Таа вели дека другите родители ја исмеваат нејзината ќерка на социјалните мрежи, а кога укажала на ваквиот проблем во нејзиното училиште, вработените рекле дека тука станува збор за “типично однесување на шестгодишни деца” и дека тие треба да се засрамат.

Кери одлучила да го отпише своето дете од тоа училиште и да го запише во друго бидејќи Софи не била заштитена од оние на кои тоа им е должност. Таа ги замолила своите пријатели на социјалните мрежи да ја споделат оваа приказна со цел ниту едно дете да не го доживее она што го доживеала малечката Софи. Врсничкото насилство постојано се случува и поради тоа треба да биде спречено, заклучува мајката.

Нејзината објава е споделена повеќе од 220 илјади пати.