Судењето на нарко-босот го следи целиот свет: Се подготвува пресудата за Ел Чапо, најмногу внимание привлекол еден поротник

896

Во американскиот федерален суд во њујоршки Бруклин започнал изборот на членовите на поротата за судењето на немилосрдниот мексикански нарко-бос, Хоакин Ел Чапо Гузман, а меѓу потенцијалните поротници е еден самопрогласен професионален имитатор на Мајкл Џексон.

Потенцијалните поротници пристигнале во судницата во која се засилени мерките за обезбедување, кои вклучуваат тешко вооружени припадници на полицијата и полицајци кои со кучиња кои можат да надушкаат бомби ја пребарувале просторијата.

Се наведува дека обвинителите исто така настојувале да се сокрие идентитетот на сведоците соработници, за нарко-картелот Синалоа да не им се одмазди, а судијата за членовите на поротата обезбедил анонимност, за да ги заштити од заплашување.

“AP” наведува дека во случајот на имитаторот на Мајкл Џексон обвинителите “изразиле одредена загриженост дека неговиот идентитет не би можел да остане тајна, затоа што нема многу луѓе кои се занимаваат со таа професија”, но тој сепак засега е задржан како кандидат за поротник.

Додека потенцијалните поротници биле испрашувани во врска со тоа дали знаат нешто за Ел Чапо, тој седел масата на одбраната и го слушал тоа со помош на преведувач, за прв пат во одело, а не во затворската униформа која ја носел во судницата уште од екстрадицијата на американските власти на почетокот на минатата година.

Агенцијата потсетува дека Ел Чапо, кој неколку пати бегал од затвор во Мексико, се изјаснил како невин по обвинението дека неговиот картел Синалоа шверцувал кокаин и друга дрога, “испрал” милијарди долари и дека убил и киднапирал голем број на луѓе.

Завршните зборови на судењето на Ел Чапо почнуваат на 13. ноември, а доколку биде прогласен за виновен го очекува доживотен затвор.