Англичанец: По она што го видов на „Маракана“ -утре да умрам, нема да жалам

1286

Победата на Црвена Звезда на Ливерпул предизивка доста реакции на социјалните мрежи кај фудбалските фанови. Пред се кај навивачите на овие два клуба.

Англичаните се во неверување и ги критикуваат своите играчи, но има и такви кои им симнуваат капа на момците од Црвна Звезда.

Еден од најдобрите коментари го остави фудбалскиот колумнист за магазинто “Four Four Two”, Чарлс Даксбери кој пред неколку години го гледал дербито на Маракана. Атмосферата на стадионот на Црвена Звезда против Ливерпул го потсети на тој меч.

„И утре да умрам, би бил среќа што дојдов во Белград и го гледав мечот на „Маракана“ Најдобар стадион и атмосфера која некогаш ја имам видено и тоа убедливо“ напиша Даксбери.