Има 48 години, а изгледа двојно помладо: Ова е човекот со најдобра дефиниција на светот

903

Верувале или не, овој човек има 48 години и само 4% масти во своето тело.

Хелмут Стребл е бодибилдер за кој веројатно никогаш не сте чуле, но интересно е тоа што ова е човекот кој ја има најдобрата дефиниција на светот. Тој неколку пати во животот бил носител на оваа титула и од 2017 година, никој не може да го победи во оваа категорија.

Хелмут не се фокусирал на големината на своето тело туку одлучил да работи на својата дефиниција, а неговото тело е толку дефинирано што може да послужи како пример по анатомија на медицински факултет.

Неговото тело содржи само 4% масти, што според бројни доктори не е здраво, но Хелмут тврди дека е здрав и силен. Она што најмногу импресионира е фактот што овој човек влегува во петтата деценија од својот живот, а поседува тело на двесетгодишно момче со одлична сила.

Како што вели тој, за неговиот изглед е најодговорна исхраната која ја надополнува со секојдневен и строг тренинг, посебно креиран за максимално активирање на мускулите и нивната дефиција. Хелмут не прави вежби за сила, но е во состојба да подигне големи тежини и се фокусира на вежби кои првенствено ја зголемуваат дефиницијата односно видливоста на неговите мускули.

Стребл вели дека никогаш нема да престане да се занимава со тренирање и дека секогаш ќе се труди да има тело како статуите на Микеланџело.

Постојат многумина кои тврдат дека билдерот користи стероиди и дека ваквата дефиниција може да се постигне само со помош на хемија, но искусниот Хелмут го демантира тоа, образложувајќи дека телото може да се трансформира со правилна исхрана и напорен тренинг.