Јихлек и Сарина се новиот заљубен пар од скопската Зоолошка (фото)

1005

Јихлек и Сарина- заљубен пар од скопската Зоолошка. Јихлек и Сарина се персиски леопарди кои имаат по 9 години. Јихлек е од Чешка, Сарина од Германија.

Деновиве Зоолошката градина го поднови и својот возен парк со електричен еко минибус наменет за прошетки на посетителите во зимскиот период. Новиот екобус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри.

Засега ова е првото возило што го добива Зоолошката градина, благодарение на фирмата “Брегал ДОО” од Делчево.