Ѓорѓев можно е да се пресели во Вардар

783

Младинскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев ја заврши и позајмицата во швајцарскиот второлигаш Арау кој, како што информираше, нема да планира на крилниот офанзивец за следната сезона.

Сето тоа значи дека Ѓорѓев мора да се врати во својот Грасхоперс со кого има договор до 2020 година, но и од Грасхоперс потврдуваат дека планираат да го испратат македонскиот фудбалер на нова позајмица.

Според одредени шпекулации, Ѓорѓев би можел да заврши во редовите на Вардар кој е во потрага на крилен офанзивец. Согласно информациите од Вардар веќе се активирано обидите за ангажман на Никола Ѓорѓев откако претходно, пак, „црвено-црните“ беа одбиени од страна на Стефан Ашковски. Но, и плановите на Ѓорѓев се останување во Швајцарија или некоја друга западноевропска екипа.

Вардар досега донесе четири нови имиња во своите редови, Филип Најдовски, Дарко Мицевски, Алекс Талески и бразилскиот интернационалец Виктор Јуфо.