Нова мета на албанските ограбувачи: Некогаш биле полни со злато и сребро, но сега сосема ги “очистиле”

919

Со векови почивале на дното на Јадранското и Јонското море, полни со богатство и обложени со школки – остатоците од бродовите покрај брегот на Албанија сега се мета на подморски крадци.

Од 2006. година американското здружение “RPM Nautical Foundation” идентификувало четириесетина потонати бродови на 450 километри долгиот албански брег.

Таму потонале антички бродови, римски, грчки или илириски, понекогаш од VII век пред новата ера, но и современи воени бродови. Но, денес “повеќето од богатството кое лежело на длабочина од 20 до 30 метри речиси целосно исчезнало без траг”, вели археологот и историчар по уметност, Неритан Цека.

Нема доволно средства за надзор

Иако албанските води биле недостапни за странски нуркачи во текот на комунизмот, денес се отворени, меѓу другото и поради тоа што оваа земја не располага со доволно средства за построг надзор на својот брег, на големо задоволство на ловците на потонати бродови во потрага по античко богатство од непроценлива вредност, но и металите од модерните пловила.

“Бев меѓу првите сведоци на тоа богатство кога нуркав на почетокот на 80-тите години”, истакнува Неритан Цека.

“Видов амфори, глинени садови, археолошки предмети кои денес веќе не се таму. Грабежот е спроведен на варварски начин”

Крадат и Албанци и странци

Според него, “што се однесува до бродовите во близина на брегот, Албанците и странците соработувале во шверцот на археолошките предмети”.

Тешко е да се процени колку изнесува вкупната вредност на тие предмети.

На светско ниво, станува збор за повеќе од 3,5 милијарди евра годишно, по проценка на Аурон Таре, Албанец кој претседава со Научниот и технички совет за културни наследства при УНЕСКО.