Го спасија на руски начин: Од замрзнатата вода извлекоа полумртов елен, па веднаш му дадоа вотка!

959

Временските услови на Сибир се екстремни, а тоа најдобро го почувствува на своја кожа еден елен кој што беше на работ на смртта.

Еленот паднал во замрзнатата река Баргузин и да не го забележале локалните жители, животното речиси сигурно ќе замрзнеше во реката.

Во спасувачката акција, луѓето најпрвин успеаа да го извлечат несреќното животно од студената вода, а потоа применија неколку познати руски методи за да го оживеат и да го загреат. Откако го сместија покрај огнот, следуваше масажа за да се врати циркулацијата, а потоа еленот доби и вотка!

Дека применетите методи беа успешни, може да се види на крајот на видеото кога еленот жив и здрав се враќа назад во шумата.