Најбогатата пејачка на светот: Кејти Пери ја претрка Бијонсе за 23 милиони долари!

768

Бијонсе е можеби најекспонираната пејачка на светот, но ако Кејти Пери продолжи со ова темпо, Бијонсе нема да биде и најбогатата. Имено, Кејти оваа година заработила дури 83 милиони долари такашто ја претрка Бијонсе за 23 милиони долари.

Бијонсе е всушност трета на листата, додека вицешампион е Тејлор Свифт, која инкасираше 80 милиони, а извор за овие информации е годишната листа на магазинот Форбс.

Пери најмногу заработила од концерти, но и од Американски Идол.

Бијонсе најмногу приходи оствари благодарејќи на заедничкиот албум со нејзиниот сопруг Џеј Зи.

Со овогодишна заработка од 52 милиони долари, Пинк е на четвртото место, а потоа следува Лејди Гага со 50 милиони.

Зад неа се најде името на латино дивата Џенифер Лопез со 47 милиони долари.

Помеѓу најплатените пејачки се најде и Ријана, а убавицата од Барбадос го зазеде седмото место со заработка од 37 милиони долари. Пејачката не објави албум, ниту имала турнеја оваа година, но дел од приходите ги заработи од нејзиниот козметички бренд.

Зад неа е Хелена Фишер со 32 милиони, а потоа Селин Дион и Бритни Спирс со 31, односно 30 милиони долари.