Мисицата преживеала криминална пресметка во Белград, а сега објавила фотографии од раната на ногата и покажала колку е среќна што е жива

697

Мис Марбеља, Олац Билбао Гонзалес, која на 11. август се здобила со тешки телесни повреди во криминална пресметка на улиците во Белград, се опоравила и сега се чувствува добро. На почетокот на септември била пуштена на домашно лекување, а од болница директно отпатувала во Шпанија.

По долготрајните физикални терапии, неколку операции и константно лежење во болничка постела, Олац се вратила во нормала.

Сега прв пат ги покажала тешките изгореници кои ги добила во експлозија на автомобил. Иако пластичните хирурзи дале се од себе, последиците од експлозијата се видливи и прашање е дали Олец ќе може да продолжи да се занимава со манекенска работа.

Мисицата била среќна што по долго лежење во болница успеала да излезе од дома и да посети една плажа во близина на нејзиниот семеен дом.

“Многу сум среќна што сум на плажа, што трчам, што дишам. Го сакам својот живот”, порачала Олац.

Потсетуваме, за оваа девојка од Марбеља роденденското патување во Србија, за малку ќе завршело кобно кога автомобилот на нејзиното момче Страхиња одлетал во воздух. Олац останала жива, додека Страхиња минал без повреди.