Пресврт: Хаосот од страна на фановите на Ривер бил планиран – но метата не била Бока

887

Хулиганите на Ривер Плата се топ тема ширум европа, а причината не е нималку убава. Веќе сите знаете за хаосот што го направија лудите Аргентинци пред мечот од финалето за шампион на Јужна Америка против градскиот и вечен ривал Бока Јуниорс.

Како што е познато по нападот на автобусот на Бока, мечот беше првично презакажан за следниот ден, но сета повторно е одложен и се се знае кога би се одигра.

Сепак нов момент во целата ситуација е обраќањето на градоначалникот на Буенос Аирес, Хорацио Роригез Ларета кој истакна дека зад овие случуваља стои одмаздата на озогласените хулигани на Ривер и „мафијашкиот дел“ на навивачката група.

Според неговите зборови, ден пред денот кога требаше да се одигра натпреварот, лидерот на најголемата подгрупа  на навивачката група „Барас Барванс“ бил уапсен од страна на полицијата со 300 билети и голема сума на пари.

„Проблемот со хулиганите и таа мафијашка организација е проблем кој го имаме веќе 50 години. Тие се одговорни за инцидентите. Ова има директна врска со случката еден ден претходно (рацијата – н.з.). Така да 300 луѓе не можеле да влезат на стадионот, па тие се одговорни за сиот хаос што се случи“, вели Ларета и додад:

„Во Аргентина, хулиганизмот  не е само страст, тоа стана бизнис од кој одредени луѓе заработуваат многу. Се продаваат билети на црниот пазар по цени кои се далеку од нормалните. Запленетите билети се причината за целиот хаос кој го видовме во саботата“.