ВИДЕО: Стандард Лиеж победи, но голманот на Севилја го има потегот на колото

926

Стандард Лиеж синоќа оствари исклучително важна победа против Севилја, со која сега ја делат 2. позиција со по 9 бодови, па во последното коло ќе водат борба за тоа која ќе биде екипата која заедно со Краснодар ќе патува во следната фаза.

Но интересен момент на средбата Лиеж – Севилја вечерва имаше во судиското надополнување, каде Севилја ќе си постигнеше смешен автогол, но пожртвуваноста на гостинскиот голман спречи голема комедија за шпанската екипа, а потоа Стандард Лиеж погоди и пречка, по што натпреварот заврши само со 1:0.